Skip to main content
Македонија

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

25/11/2024  16:44

Денес, на свечен начин, беше предаден во употреба реконструираниот објект на Четврта месна заедница, кој, по предлог на градоначалникот Костадин Костадинов и едногласна одлука на Советот на општина Струмица, е доделен на трајно користење на Фондацијата „Елеуса”.

За сите досегашни хумани ангажмани, за се што стори за граѓаните од општина Струмица, Фондацијата „Елеуса” повеќе од заслужено добива свои простории, преку кои, со уште поголем обем и динамика, ќе ги организира и реализира сите понатамошни активности. Струмица треба да биде благодарна и среќна што ја има фондацијата „Елеуса”, и таа иста Струмица знае како на љубовта и човечноста на „Елеуса” да и возврати со љубов и човечност”.

Инаку, во објектот ќе бидат сместени канцелариите на Фондацијата, како и магацински простор за подготовка на хуманитарните пакети и други потреби за социјално загрозените семејства и поединци. Дополнително, преку овој објект, ќе се имплементира и сервис од Програмата за рехабилитација и реинтеграција на жените жртви на семејно насилство, со „Куќа на половина пат”.