Skip to main content
Спорт

Олимписка и светска шампионка во боб се финансира од еротика

15/11/2024  12:11

Соочена со финансиски проблеми, олимписката и светска шампионка во боб, Германката Лиза Баквиц, потпиша спонзорски договор со еротска платформа, јави агенција Дпа.

Дваесетидеветгодишната Баквиц, која го освои олимпиското злато во Пјонгчанг во 2018 година, е вработена во германската армија. Таа позираше за Плејбој во 2022 година, а сега потпиша договор со платформата „OnlyFans“.

Финансиските детали од спонзорскиот договор не се објавени.

„Како кормилар, јас сум одговорна за целиот мој боб тим. Морам да ги покријам сите трошоци“, рече Баквиц, наведувајќи дека трошоците за настап достигнуваат и до 100.000 евра. Сето тоа го покриваат спортистите од свој џеб, а федерацијата ги плаќа само патните трошоци за репрезентативците.

„Навистина е тешко да се најдат спонзори кои ќе инвестираат пари во мојот спорт или ќе ми ги дадат мене. Сигурно нема да се покажам гола.

Во принцип, содржината на фотографиите е слична на онаа на Инстаграм. Таму можете да ме видите во бикини или спортски градник“, посочи Баквиц и додаде дека сака на своите фанови да им даде увид во нејзиното секојдневие.