
Предмалку до Порта.мк пристигнала информација дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно помеѓу кичевските села Белица и Кладник има остатоци од карпа (одрон).
Кон местото исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат, поради што, апелираме за поголемо внимание во сообраќајот на овој сообраќаен дел.