Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова донесе одлука за помилување на осудените лица, со што на некои осуденици им е намалена казната.
Согласно решението, извршувањето на изречената затворска казна се заменува со условна казна за следните лица:
Акиф Бејадин Равманоски од село Харачин, кој е осуден на условна казна во траење од 1 година и 3 месеци.
Никола Димитрија Трипчевски од Охрид, кој е осуден на 1 година.
Шенол Бавчар Маслани од село Харачин, кој е осуден на 6 месеци.
Исто така, од натамошното извршување на незавршениот дел од казната делумно се ослободуваат и следните осуденици:
Мухарем Веап Али од Скопје, 2 месеци.
Тодор Димитар Попов од село Миравци, 3 месеци.
Скопјанецот Томислав Илија Симонов 2 месеци.
Перо Стојан Кузмановски од Градско 3 месеци.
Живко Андон Делижаков од Богородица 3 месеци.
Владимир Атанас Талески од Манастир, 7 месеци.
Марјан Милчо Ефремов од Скопје, 7 месеци.
Оваа одлука влегува во сила од денот на одобрувањето.