Утринава на пат кон Охрид, поточно кај охридско Ново село се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувало обезбедувањето на Претседателот на Собранието, Африм Гаши, при што три лица се повредени дознава 24Инфо.
Информациите за нашата редакција ги потврдија и од МВР, при што истакнаа дека моментално се врши увид на местото на несреќата, а повредените се пренесени во болницата “Свети Еразмо” во Охрид.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше најавена работна посета на Охрид.
Очекувајте повеќе информации подоцна.