Ѓуле: ,, И није ми жао што лете године, кад још увек иста глад за животом води ме, и није ми жао што део себе свима сам дао, ево играчу још брже, дишачу без страха, јер живот је мој до последњех даха“
Откако не’ израдуваа во 2019тата година со албумот ,,Море без обала” и турнеја која траеше цели пет години, групата Ван Гог започнува ново музичко поглајве со синглот ,,Луд и сам”.
Како што вели фронтменот на групата, Звонимир Ѓукиќ, бендот не си го дозволи луксузот да се потпре и да го повтори она кое веќе го има постигнато, во креативна смисла.
Следејќи го сензибилитетот, се осмеливме на нов музички исчекор. Сега, кога албумот е завршен, желбата ни е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да ја размениме енергијата со публиката. Сите коцки од мозаикот ќе се сложат во 2026та година, во форма на винил и цд.
ВАН ГОГ ќе се појават пред македонската публика на 14ти декември на фестивалот ТУРБО РОК во СЦ Јане Сандански, заедно со Неле Карајлиќ и Ван Гог.
Музика и текст: Звонимир Ѓукиќ
Аранжман: Звонимир Ѓукиќ, Срдољуб Радивојевиќ, Војислав Аралица
ПРОМО ФОТОГРАФИЈА – ИВАН МЛАДЕНОВИЌ
ДИЗАЈ – МАРКО ВАЈАГИЌ
ДИЗАЈН НА ОМОТ – МАРКО ВАЈАГИЌ