Skip to main content
Свет

Нетанјаху првпат ќе сведочи пред суд како одговор на обвиненијата за корупција

10/12/2024  09:52

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска треба да сведочи пред судот – за првпат во долгото судење за обвиненија за корупција.

Обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата, Нетанјаху ќе сведочи трипати неделно, според судскиот налог, и покрај војната во Газа и можните нови закани од превирањата на Блискиот Исток, вклучително и во соседна Сирија.

Во 2019 година, Нетанјаху беше обвинет во три случаи кои вклучуваат давање подароци на пријатели милионери и барање услуги од медиумски тајкуни во замена за давање фреквенции со поволно покривање.