Skip to main content
Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

09/12/2024  09:39

Најстудено изутринава е на Попова Шапка  каде се измерени – 4 степени целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 степени во Гевгелија.

На Попова Шапка има 47 сантиметри снег, 36 во Маврови Анови, а Крушево 12.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.