Skip to main content
Македонија

Најниска тепература утрово во Берово, дневните ќе достигнат до 20 степен

19/10/2024  09:44

Најниска температура утринава во земјава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 19 степени.