Состојки:
За тестото:
1,1 кг брашно
500 мл млеко
300 мл масло
2 јајца
2 лажици шеќер
1 лажица сол
50 г свеж квасец
За премачкување:
1 јајце
1 маргарин
сусам
Приготвување:
Во млако млеко се става квасец, прстофат сол и шеќер, па се остава да нарасне.
Во подлабок сад се соединува масло, јајца, шеќер, сол, а потоа се додава млекото со нараснатиот квасец. Се замесува тесто со брашно и се остава 30-тина минути на топло место да нарасне.
Нараснатото тесто се дели на три дела. Секој дел посебно се расучува со сукало во круг со пречник од 45 см.
Со нож се сече на 12 еднакви делови или на 16 ако сакате помали кифлички.
Се топат 50 г од маргаринот и се премачкува секој триаголник со помош на четкичка, а потоа се завиткуваат кифлички. Се редат на плех каде што претходно се ренда маргарин (околу 75 г) и се оставаат 30-тина минути на топло место. Се премачкуваат кифличките со изматено јајце и се посипуваат со сусам.
По желба, на секоја кифличка може да се додаде по коцка маргарин и малку крупна сол. Се печат кифличките во загреана рерна на 200 степени, 18-20 минути.