Skip to main content
Спорт

Најдобар млад играч е Ламин Јамал

29/10/2024  12:15

Во Париз се одржа гала вечерта на УЕФА, „Франс фудбал“ и „Лекип“ на која беше доделена најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбаот, Златната топка.

Вечерта започна без присуство на делегацијата на Реал Мадрид. Според медиумите, Флорентино През решил Реал да ја бојкотира гала вечерта откако дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор.

Првата награда која беше доделена е наградата Копа за најдобра млад фудбалер очекувано и заслужено му припадна на Ламин Јамал од Барселона. Ова 17-годишно момче со Шпанија летово стана европски првак.

Вундеркиндот на Барселона зад себе има низа неверојатни рекорди, со 16 години и 57 дена стана најмладиот играч кој постигнал гол за Шпанија, со 16 години и 87 дена стана најмладиот играч кој постигнал гол во Примера, со 16 години и 338 дена стана најмладиот играч на ЕП, со 16 години и 362 дена стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП, со 17 години и еден ден стана најмладиот победник на ЕП, а со 17 години и 107 дена стана најмладиот освојувач на вечерашниот трофеј Копа.

Номинирани за трофејот Копа, покрај Ламин Јамал беа и Пау Кабурси, Алехандро Гарначо, Арда Гулер, Карим Конате, Коби Мајно, Жоао Невес, Савињо, Матис Тел и Ворен Заир-Емери.