Skip to main content
Забава

Најблискиот соработник на Поповиќ откри каква е неговата здравствена состојбата и дали Саша може да работи во Гранд

19/10/2024  13:03

За здравствената состојба на Саша Поповиќ во последните месеци многу се шпекулира. Според информациите тој беше надвор од земјава на лекување, а членовите на седмата сила секојдневно ги прашуваат поединци од шоубизнисот за човекот кој на многумина им бил важен кога се во прашање нивните кариери.

Истиот случај се случи и вчера, кога новинарските екипи, меѓу кои и Информер.рс на настан во главниот град се сретнаа со Горан Шљивиќ, директорот на продукцијата „Гранд“.

По тој повод Горан откри дали е во контакт со Поповиќ, и како функционира музичкиот натпревар без неговиот изумител.

– Па, се е супер. Се слушаме секој ден. „Ѕвезде Гранда“ ја правиме сосема нормално. Имаме и резултати оваа сезона кои се видливи. Ние функционираме совршено. „Гранд“ е компанија со големо искуство и квалитетни луѓе – истакна Шљивиќ за Информер.