Оновното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.
На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.