Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа.