Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.
Беше изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.
На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028).
Како особено значајна беше посочена дигитализацијата која треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството