Skip to main content
Спорт

Милевски повика двајца дебитанти за дуелите со Летонија и Фарски Острови

06/11/2024  12:12

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14. ноември) и против Фарски Острови (17. ноември) од Лига на нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода. Математички еден бод од овие два натпревари ќе и го обезбедат првото место на Македонија што значи и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча има двајца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот од Домжале, Бехар Фета.