
Актерката и една од најубавите жени на светот Меган Фокс (38) е бремена.
Меган го очекува своето прво дете со вереникот, раперот Machine Gun Kelly. Меган е веќе мајка на три деца – со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин ги има синовите Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6).
Актерката веста за новото доаѓање ја објави на Инстаграм. Таа позираше гола, покриена со црна боја, а јасно се гледаше нејзиниот труднички стомак. Втората фотографија што ја објави е позитивен тест за бременост.
„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добре дојде назад“, се вели во натписот на објавата, заедно со ангел и емотикон со срце. Нејзината објава за бременост доаѓа една година откако таа откри дека доживеала спонтан абортус.