Skip to main content
Хроника

МВР: Онесвестената девојка во стан во Илинден ја нашла нејзината колешка

28/10/2024  13:05

Денес околу 7 часот изутрина, Итната медицинска помош во Скопје пријавила дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена 30-годишната М.М од Крива Паланка по што итно е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.