Триесет и петгодишна кумановка вчеравечер била приведена откако физички го нападнала своето дете, а потоа со остар предмет се заканувала на сопругот, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.