На 20 ноември 2024 година, во 14:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен малолетник од селото Кучевиште со убодни рани. Според пријавеното, кај Транспортниот центар во Скопје, малолетникот бил физички нападнат од група врсници, при што еден од нив со остар предмет му нанел повреди.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.