Skip to main content
Хроника

Малолетник и млада жена повредени откако автомобил излета во битолско

05/11/2024  13:44

На 04.11.2024 во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на с.Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(29) од Битола, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката Џ.М.(23) од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.