Таткото кој не е расположен, кој постојано е мрзeлив и не може да ги контролира емоциите, лошо влијае на психолошката состојба на детето, вели науката.
Државниот универзитет во Мичиген спроведе истражување на оваа тема, а нивните резултати не само што ја нагласуваат важноста на улогата на таткото во животот на детето, туку докажаа и дека целокупната ментална состојба и расположението на таткото имаат влијание врз психолошка состојба на детето. Во испитувањата, истражувачите собрале податоци од околу 730 семејства кои учествувале во програмите „Ран почеток“ (Early Head Start) ширум светот. Научниците се сосредоточиле на влијанијата од стресот на родителите и проблемите со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност, кај нивните деца.
Резултатите покажуваат дека лошата состојба кај возрасниот воопшто негативно влијае на развојот на психолошките способности кај децата, особено во доцниот развоен период.
Меѓу повпечатливите наоди е и тоа дека менталното здравје на таткото има директно влијание врз социјалните вештини на детето (како што се самоконтрола или тимска работа) – до мигот кога детето ќе достигне петто одделение од основно училиште. Всушност, депресијата на таткото во детството има поголемо влијание врз развојот на социјалните вештини на детето отколку депресијата или анксиозноста на мајката.
Студијата покажала и дека стресното расположение на таткото, поврзано со родителството, лошо влијае на умствено-јазичниот развој на децата на возраст од две до три години.