Skip to main content
Хроника

Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме

29/11/2024  16:23

На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.