Skip to main content
Македонија

Кривична за поранешен директор на кичевската болница – си присвоил дониран ЕХО апарат

18/11/2024  14:37

Поранешен директор на болницата во Кичево доби кривична пријава поради нелегално присовјување на ехо апарат.

Како што соопштуваат од полицијата од Кичево, против лицето С.Т. е покрената кривична за „проневера во службата“.

– ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Т.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари.

Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата – пишува во соопштението испратено од службите до медиумите.

Како што е објавено досега во јавноста, сега директорка на Општата болница Кичево е Маја Цветановска-Трајкоска, која дојде на оваа позиција по Станко Трпески.

Кривичната пријава за украдениот ехо апарат најверојатно се однесува на директорот Трпески.