Skip to main content
Македонија

Костадинов од 3 до 5 декември ќе учествува на Петтиот Глобален Самит на Силни Градови во Кејптаун, Јужна Африка

02/12/2024  11:59

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов ќе учествува во Петтиот Глобален Самит на Силни Градови кој ќе се одржи во период од 3 до 5 декември во Кејптаун, Африка. Организиран од Мрежата на Силни Градови во соработка со градот Кејптаун, овој настан на едно место ќе ги обедини градоначалниците, локалните лидери, претставниците на граѓанското општество и меѓународните партнери од целиот свет и ќе покрене дискусија за решавање на критични прашања како омразата, екстремизмот и поларизацијата во градовите.

Предизвикани од глобалните предизвици, самитот претставува платформа за споделување на стратегии, иновативни решенија и пристапи кои ги штитат човековите права и ја зајакнуваат социјалната кохезија во услови на глобални кризи, како и начини за катализирање и одржување на таквите напори. Истовремено, во Кејптаун ќе биде прикажан и напредокот во спроведувањето на заклучоците во однос на утврдените приоритетни области од Четвртиот глобален самит, одржан во Њујорк во 2023 година. Спонзориран од градот Кејптаун, Министерството за Надворешни Работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот на САД, овој собир претставува можност за вмрежување на Градоначалниците од целиот свет.  

Учеството на градоначалникот Костадинов ја позиционира Струмица на лидерската маса каде се поттикнуваат и развиваат инклузивни заедници и справување со глобалните проблеми кои влијаат на локалното владеење.