Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел.
Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина. Во рамките на активностите беа употребени и специјалните возила – багер, патарки и рол-кипер.
Улицата Цетинска во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина во оваа скопска општина.