Денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и беа сослушани сведоци од МВР кои работеле на случајот, но покрај нив и еден од осомничените, Влатко Кешишев, побара збор и истакна дека писмото кое на претходното судење го предал на судијата, а во кое изјавува дека Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен при убиствата, не е негово, односно напишаното не е вистина.
-При транспорт мој и на Палевски тој ми кажуваше што да нашишам, за да биде со мој ракопис. И јас напишав бидејќи се плашев, истакна Кешишев на денешното судење.
Тој во неговата изјава тврди дека дента на 22 и 27 ноември кога беа убиени Вања и Панче, Палчо не бил со нив, туку спиел во штабот на спрат во неговата соба.