Skip to main content
Свет

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

24/11/2024  20:43

Британската министерка за труд, Лиз Кендал во интервју за „Скај њуз“ (Sky News) истакна дека земјите-членки на НАТО се вовлечени во скриена кибервојна со Русија.

– Значи, треба да бидеме крајно внимателни за ова како Влада, но исто така и во бизнисот и општеството како целина, за да се заштитиме од овие киберактивисти, посочи Кендал.

Таа додаде дека изминатите месеци се работело на секакви заштити, вклучително и киберзаштита.

Кендал наведе дека утре државниот секретар Пет Мекфејден ќе објави детали за тоа како Велика Британија работи на зајакнување на својата одбрана од новите киберзакани.