Skip to main content
Хроника

Кај 54 – годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја

20/11/2024  12:11

Во Скопје синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(54) од Скопје.

MK Summit

МВР денеска соопшти дека при претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.