Skip to main content
Македонија

Канцер на дојка – во Македонија најмладата пациентка е на 19, највозрасната на 92 години

12/11/2024  16:20

Канцерот на дојката од година в година ги брише старосните граници.

Тоа го потврди и д-р Наташа Толевска во подкастот ЗРАК со доктор Марина.

„Најмладата пациентка која беше на операција за канцер на дојка беше на возраст од 19 години, тоа беше пред некоја година. Највозрасната пациентка е на 92годишна возраст“, рече Толевска. 

Според неа, навременото откривање е клучно во справување со подмолната болест.

Во последните години, канцерот на дојка кај жените во Македонија е најчеста причина за смрт од сите видови рак.

Во продолжение целото видео од последната епизода на подкастот