Утрово најстудено е во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево, каде температурата е -2°C. Во Тетово, Охрид, Претор, Битола и Прилеп е 0°C, а 1°C се измерени во Дебар и Берово. Во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци има 2°C, додека во Скопје-Петровец, Велес, Штип и Демир Капија се бележат 3°C. Куманово и Струмица имаат 4°C, а 5°C се регистрирани во Крива Паланка и Гевгелија. Најтопло е во Виница со 6°C.
Во последните 24 часа, најмногу дожд наврнало во Демир Капија – 127 литри по квадратен метар, а значителни врнежи имаат и Попова Шапка (96 l/m²), Гевгелија (81 l/m²) и Кавадарци (79 l/m²). Во Прилеп се измерени 69 l/m², а во Битола 61 l/m². Други значајни врнежи се забележани во Пожаране (55 l/m²), Струмица (52 l/m²), Скопје-Петровец (48 l/m²), Штип (43 l/m²) и Маврови Анови (42 l/m²).
Снежната покривка е најголема во Маврови Анови (61 cm), следуваат Крушево и Попова Шапка со по 44 cm, додека во Дебар има 15 cm, Претор 14 cm, Берово 7 cm и Битола 4 cm.