Skip to main content
Македонија

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење

08/11/2024  09:28

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето.

MK Summit

Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.