На 04.11.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 85 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 01.11.2024 бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи за што му ги побарал парите.
Како што е пријавено, откако му ги дал парите, телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.