Денеска во Катланово пријателите, роднините и семејството за последен пат се простија од естрадниот новинар Зоран Василевски – Фаци.
Кариерата на Зоки Фаци, беше бурна и плодна, тој соработуваше со сите личности од естрадата и јавниот живот, па токму денеска сите тие дојдоа да му оддадат последна почит.
Еден од нив беше и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од пристигнувањето на вечното почивалиште на Зоки.
“Драг Зоки, те испративме достоинствено, нека ти биде светол патот…
Последен поздрав, последна почит,
Почивај во мир”, напиша тој на социјалните мрежи.
И познатата водителка Лила Филиповска исто така напиша на социјалните мрежи дека денес го испратила Зоки во вечното почивалиште, на достоинствен начин, онака како што му доликува.
Боки, Лила и Зоки еден период од животот беа неразделни пријатели.