Skip to main content
Балкан

Осум тела се извлечени од урнатините од Железничката во Нови Сад

01/11/2024  14:21

Дел од настрешницата на железничката станица во Нови Сад нешто пред 12 часот се урна. Репортерот на РТВ јавува дека има осум жртви и голем број повредени, а на терен се екипите на пожарникарите и итната помош.

Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации најмалку осум лицацпочинале, а има и други повредени.

Од итната помош велат дека во овој момент не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.

Во Нови Сад изјави дадоа премиерот Милош Вучевиќ и министерот за полиција Ивица Дачиќ.

Вучевиќ рече дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад.

– Голема, страшна трагедија – рече премиерот, и упати сочувство до семејствата на загинатите.

По повикот спасувачите веднаш по повикот пристигнале на местото на несреќата, рече Дачиќ, додавајќи дека во акцијата учествуваат близу 80 спасувачи од повеќе градови.

– Исклучително тешка акција, која секако ќе потрае уште неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица се во болница, тие преживеале, иако состојбата на едниот е доста тешка, ампутирана му е ногата – рече Дачиќ.

– Преживеале четири лица. Ја следиме состојбата, ќе бидете информирани – рече министерот.

Тој им се заблагодари на сите итните служби од Нови Сад, и вели дека акцијата е многу комплицирана.

Дачиќ посочува дека ќе се утврдат сите факти и причини за трагедијата.

– Сега зборуваме за спасување. Акцијата за спасување е во тек, сега одиме да ги посетиме повредените во болница – рече министерот Дачиќ.