Skip to main content
Хроника

Запленети околу 4 тони марихуана во валандовското село Jосифово

13/12/2024  16:04

Пет лица се приведени а околу 4 тона марихуана се запленети откако полицијата утврдила серија неправилности во фабрика за производство на канабис во валандовско Јосифово.

Како што соопшти полицијата, при извршените претреси утврдено е дека наместо 1400 килограми марихуана во картонски кутии се чувал отпад од преработениот производ. Исто така, над тон и половина марихуана наместо да биде уништена како што претходно било наложено, била чувана во магацините на фирмата. Покрај ова, недостасувала и одредена количина на марихуана а околу половина тон се чувала на неправилен начин.

Обвинителството поднело 5 кривични пријави за актуелниот и поранешни управители и вработени а лиценцата за производство на марихуана била поништена.