Skip to main content
Забава

За една година три пати освоил лото: Секој пат го правел истото и тврди дека тоа му донело среќа

27/10/2024  21:31

52-годишен камионџија од Мериленд, САД, со години е љубител на лотаријата. Пред извесен период се нашол на насловните страници во американските медиуми, бидејќи судбината му се насмевна три пати за само 11 месеци.

Овој 52-годишен маж за помалку од една година добил три пати на лотарија во износ од 50.000 долари.

Среќниот човек го правел истото секогаш кога ги заокружувал бројките на ливчето. Тој тврди дека секогаш ја означувал истата комбинација на бројки: 4-8-15-14 -18 и тврди дека тоа му донело среќа.

-Не можете да победите ако не играте, рече тој.

И додека чека уште една насмевка на судбината, Американецот има намера да ги искористи своите 150.000 долари за да ја усреќи сопругата.

Тој има намера да и го оствари сонот, рајски одмор.