Skip to main content
Хроника

Жител на Богданци, со „ауди“ криумчарел 10 мигранти од Сирија

25/11/2024  18:21

Поднесена е кривична пријава против 37-годишниот Д.П од Богданци поради криумчарење на мигранти.

„На 21.11.2024 на регионален пат во правец кон Неготино, пријавениот бил затекнат како со возило „ауди А6“, негова сопственост, прифатил 10 мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Од судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во билтенот на МВР.