Skip to main content
Свет

Емануел Макрон одби да поднесе оставка, во наредните денови ќе назначи нов премиер

05/12/2024  22:02

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.

Во вечерашното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент вчера и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.

„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на 10-минутниот говор.

Макрон најави дека во наредните денови ќе го објави името на новиот премиер, додека владата ќе продолжи да функционира во привремена форма. Според француските медиуми, можни кандидати се министерот за одбрана Себастиен Лекорну, министерот за внатрешни работи Бруно Ретало и центристичкиот политичар Франсоа Бајру.