Skip to main content
Македонија

Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка

19/10/2024  09:47

Во „Скопје Сити Мол” денеска од од 12 до 16 часот ќе биде поставен информативен штанд и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка.

Овој настан е дел од националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ на Министерството за здравство, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол” и „Синеплекс”.

Здружението ХЕМА-ОНКО – Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели во рамки на Октомври – месец за подигнување на свесноста за рак на дојка денеска на „Школка“ во Градски парк организира настан „Појадок со ХЕМА-ОНКО“.

Како што информираат од Здружението, присустните ќе имаат можност да слушнат едукативни предавања од доктори, да слушнат дел од приказните на нивните Пеперутки-жени со рак, но и активно да учествуваат во практично применливите содржини кои ги подготвиле.