Skip to main content
Магазин

Еве како пилешката супа помага во процесот на заздравување од настинка

23/10/2024  21:47

Сите знаеме дека се препорачува да се јаде пилешка супа за време на настинка. Но, дали некогаш сте се запрашале како точно ни помага во процесот на лекување?

„Повеќето луѓе се потпираат на пилешка супа – тоа е апсолутна класика. Но, дали е тоа мит или навистина има придобивки?”

Беше објаснето дека пилешката супа содржи голема количина на карнозин, кој е составен од амино киселини за кои е докажано дека го намалуваат оксидативниот стрес и симптомите на инфекции на горниот респираторен тракт.

Еве зошто пилешката супа е ефикасна кога станува збор за лекување од настинки и грип. Сепак, имајте на ум дека ова важи само доколку консумирате природна домашна супа, а не онаа од супермаркет.

„Пилешките супи од супермаркети се само околу шест отсто пилешко, така што нема да добиете доволно карнозин. Можете да го добиете само од домашна пилешка супа“, се вели во извештајот.

Секако, пилешката супа треба почесто да ја консумирате и кога не сте болни за да ги спречите несаканите симптоми, особено во студената сезона.