Skip to main content
Хроника

Дрвокрадци со моторни пили фатени во крушевско, натовариле две приколки со дрва

22/10/2024  12:22

Вчера во атар на с.Белушино, крушевско, биле уапсени дрвокрадците Х.И.(57) од с.Борино и А.И.(46) од с.Житоше. Тие од страна на полцијата биле затекнати како со трактори без документација пренесувале диво исечени дрва.

Тракторите, приколките и моторните пили што биле кај нив им биле одземени, лицата биле однесени во полициска станица и по документирањето на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.