Skip to main content
Македонија

Драма на Плетвар: Новинари во комбе за малку ќе настрадале од камион на „Македонија пат“

30/11/2024  21:00

На планинскиот премин Плетвар, каде што снежните врнежи создадоа вистински хаос, комбето кое превезувало новинари едвај избегнало сериозна несреќа. Според сведочењата, камион чистач на „Македонија пат“ ги претекнувал на полна линија со спуштени ножеви, фрлајќи големи количества снег и мраз врз нивното возило.

„Се слушна страшен звук, помисливме дека сме во сообраќајка. Целосно изгубивме видливост. Возачот остана присебен и избегна трагедија,“ изјавија новинарите.

„Само присебноста на возачот не спаси од снежна лавина врз возилото“ додаваат тие.

На Плетвар моментално има забрана за тешки товарни возила поради обилните врнежи од снег. Новинарите се враќале од неизборното собрание на ЗНМ во Скопје кога инцидентот се случил.