Skip to main content
Балкан

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

26/11/2024  11:02

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба.

Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата.

Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се завршните зборови на Обвинителството на БиХ во врска со убиството на сараевските полицајци, како и случајот против Ибрахим Хаџибајриќ.

Дојавите за поставени бомби во зградата каде што се сместени двата суда зачестија во последните месеци, но засега сите беа лажни.