Skip to main content
Македонија

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

10/12/2024  17:35

Поради префрлање на податоците од едeн во друг, нов систем кое го прави Министерството за социјална политика, демографија и млади, лица приматели на социјална заштита се уште го немаат добиено својот надоместок. Станува збор за приматели на помош за нега од друго лице , надомесотк заради попреченост, надоместок за сметсување во згрижувачко семејство.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади велат дека исплатата на одредени надоместоци ќе се изврши дополнително затоа што се вршат работи кои се од техничка природа, односно се прави миграција на податоците од стар во нов систем. Повикуваат на разбирање.

–Министерството повикува на разбирање од корисниците и упатува уверување дека се работи за краток временски педиод, односно исплатата на надоместокот ќе биде реализирана во најкус можен рок, се вели во сописот од министерството.

Од банкарскиот сектор за Телма соопштуваат дека граѓаните приматели на ваквата помош гневни секојдневно доаѓале на шалтерите во банките во очекување на информација, кога ќе го добијат својот надоместок со кој живеат. Во центрите за грижа на кориснции имале стотици повици за неколку часа.