
Во текот на истрагата за киднапирањето и убиството на малата Вања, полицијата добила значајни искази од Велибор Манев и Боре Видевски, кои ја засилиле сомнежот за инволвираноста на таткото, Александар Ѓорчевски.
Началникот Дејан Димовски во своето сведочење посочи дека иако Влатко Кешишев не ја потврдил таа информација, Велибор и Боре биле јасни во нивните искази.
„Велибор и Боре отворено ни кажаа дека и таткото е инволвиран во киднапирањето и убиството на Вања. Со нивните искази, заедно со внимателно разгледување на сите околности, се создаде силен сомнеж во неговата улога во ова злосторство,“ објасни Димовски.