Skip to main content
Македонија

Димитријевиќ: Тошковски и МВР потфрлија, граѓаните се небезбедни

29/11/2024  13:59

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во изјава за Слободен печат, најостро ги осуди вчерашните инциденти предизвикани од одредени поединци, кои со своите постапки ги нарушија државните симболи.

При тоа, Димитријевиќ, потенцираше дека граѓаните со право се загрижени и вознемирени за безбедноста во градот.

„Граѓаните се со право вознемирени, денеска на скопските улици и на улиците низ цела држава граѓаните не се чувствуваат безбедно, затоа што ако тие што треба да не штитат и тие што треба да го воспостават редот на одредени настани и да ја направат целата организација, вчера видовме како го направија тоа. Вчера имаше еден тотален хаос нешто што е незамисливо за една нормална европска држава”, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.