Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември, ден на Св. Павле Исповедник.
Именден слават Павле, Павел, Павлина…
Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година. Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
Според некои народни верувања на овој ден, кој уште се нарекува и мразовден бидејќи првиот мраз почнува полека да ги покрива реките, немажените девојки не треба да преспијат во туѓа куќа затоа што таму ќе си ја остават среќата.
Исто така се верува дека не треба да се позјамуваат ниту пари, затоа што во текот на целата година ќе треба да позајмувате некому пари.
Ако, пак, земете пари на заем, нема да можете да ги вратите цела година.