Skip to main content
Хроника

Двајца скопјани искасани од кучиња скитници

22/10/2024  12:26

Вчера во 10.40 часот во Полициското одделение Петровец, В.С.(62) од с.Идризово, скопско, пријавил дека на паркинг простор кај Катлановска бања во село Катланово, скопско бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 13.30 часот во Полициското одделение Петровец, Т.П.(46) од населба Илинден-скопско пријавила дека на ул.„9“ во населбата Илинден, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.