Skip to main content
Хроника

Двајца моторциклисти тешко повредени

27/10/2024  14:01

На 26.10.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Иван Козаров“ и ул.„Есенинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(52) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Исто така, на 26 октомври 2024 година, во 8:30 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците „Народна револуција“ и „Салтир Наумов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и мопед „Волта“ со кумановски регистарски ознаки.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општата болница во Куманово за медицински третман. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово, која ги истражува причините за инцидентот.